Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација.
За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика.
-Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп.
-Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството.
Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области.
Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден помилува две мисирки
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две…
Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс…
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја…
Кулеба: Војната нема брзо да заврши
Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба…
(Фото) Верижен судир во близина на Охис
Вежижен судир се случи пред малку во…
Утре започнува Божиќниот пост
Основата врз која се појавил Божикниот пост…