Собранието вработува дури 27 лица – Плати над 1.000 евра!
Собранието сака да се „поднови“ со 27 нови вработувања. И не само со „обични“, туку и со двајца државни советници, кои нема да земаат ни така мали плати, односно над 1.040 евра, или по повеќе од 64 илјади денари.
Најновиот оглас на веб страната на Агенцијата за администрација, каде што всушност осамнуваат намерите за вработувања во јавниот сектор, а кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, говори дека Собранието бара 27 извршители за различни работни позиции, а меѓу нив има од снимател и тонец, новинар, па до помошници и раководители, советници, но и најдобро платените државни советници.
Инаку, она што е различно во овие огласи од претходните, е тоа што во нив не е наведено каква национална припадност треба да имаат новите вработени, веројатно поради одлуката на Уставниот суд дека барање на конкретна национална припадност за да ве вработат е дискриминација.
Но, за сепак да се знае каква етничка припадност треба да имаат тие што ќе ги пополнат новите работни места, кај одредени позиции е наведено дека треба да имаат „познавање на службен јазик покрај македонскиот на кој зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија“
Првата позиција што се бара е еден собраниски државен советник за безбедносни прашања и безбедносен надзор. Покрај општите, тој треба да исполнува и неколку посебни услови и тоа ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на одбраната, безбедносните или правните науки. Исто така, треба да има најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалкудве на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10години работно искуство во струката од кои најмалку три на раководно работно место во приватен сектор. Покрај активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски и германски, треба да исполнува и дополнителни услови, односно минимум 10 години професионално искуство во безбедносниот сектор или на должности поврзани со безбедносниот сектор, да исполнува услови за добивање на национален безбедносен сертификат со степен Државна тајна и да поседува знаења за демократските вредности на парламентарниот надзор над безбедносниот и разузанвачкиот сегмент. Неговата плата ќе изнесува 64.353 денари, стои во огласот.
Втората позиција од овој калибар е собраниски државен советник за политички систем. Тој треба да има високо образование од делот на правни, политички или науки од областа на книжевноста, како и најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор. Неговата плата исто така ќе изнесува 64.353 денари во текот на месецот.
Неколку вработувања кои ги бара Собранието се со плати од близу 55 илјади денари. Таква е позицијата помошник раководител на Секторот за работни тела на Собранието. Треба да е правник, економист, или да има високо образование од делот на политички науки или наука за земјиштето и хидрологијата. Неговата плата ќе изнесува 54.801 денар. Истата плата ќе ја земаат и неговите колеги кои ќе работат како помошник раководител на секторот за преведување и толкување, како и помошник раководител на сектор за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции и следење на евроинтеграциите.
Останатите позиции се советник архитект, кој ќе зема 43.885 денари, потоа раководител на oдделение за реализација на програма Продуцент – Режисер, , кој ќе добива месечен надомест од 49.559 денари, самостоен референт – снимател/камерман, кој месечно ќе заработува 31.245 денари, додека вишиот референт тонец монтажер кој исто така се бара во огласот, ќе добива 30.814 денари. Се бара и советник – новинар, во Одделението за реализација на програма, кој ќе зема 43.885 денари, самостоен референт – Видео Миксер/монтажер, , кој би работел за 31.245 денари месечно, како и разно разни други позиции, со плати меѓу 31 илјада и 49 илјади денари месечно.
Во продолжение сите огласи, доколку исполнувате услови линк за конкурирање за работните места можете да најдете подолу.
ЛИНК до огласите на Агенција за администрација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието вработува дури 27 лица – Плати…
Собранието сака да се „поднови“ со 27…
Пратенички прашања денеска во Собрание
Собранието денеска ќе ја одржи 21. седница,…
Активни огласи за вработување во администрација –…
Почитувани читатели и сограѓани, во новата рубрика…
Српски пратеник: Вучиќ криејќи се зад Брнабиќ…
Расправата за Предлог-буџетот на Србија за 2025…
Пратениците донесоа десет закони по скратена постапка
Пратениците во рамки на денешното продолжение на…