Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила!

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина доколку Киев стане нуклеарна сила.

-Нема да дозволиме Киев да се здобие со нуклеарно оружје, рече Путин, пренесен од рсуките медиуми.

Тој посочи дека Украина не може да прави нуклеарно оружје, туку само валкани бомби, но додаде дека и Русија на тоа ќе реагира на „соодветен начин“.

-Оние кои го споменуваат враќањето на нуклеарното оружје во Украина не чувствуваат одговорност за судбините на луѓето и светот, рече Путин.

Запрашан кога може да се случат можни напади од страна на Русија врз центрите за одлучување во Украина, тој рече: „Можеби и денеска, во текот на денот, се е можно“.

Претходно денеска Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје. Путин нагласи дека „Орешник“ не е оружје за масовно уништување, туку прецизно оружје без нуклеарно полнење и потврди дека започнало сериското производство на овие ракети, но дека ќе се изберат конкретни цели за напади врз Украина, во зависност од природата на целите и заканите за Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…