Вучиќ најави сериозно вооружување на Србија!
„Хрватска не ја доживуваме како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме тоа да го правиме за да не се повторат 1995 и 1999“, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Согласно промената на доктрината на војската на Србија, ние мораме да бидеме посилни од значителен дел од нашите соседи заедно“, истакна Вучиќ.
Истакнувајќи дека војската „силно, брзо, ефикасно и сериозно се вооружува“, Вучиќ кажа дека тоа ќе продолжи за „да не се повторат ни 1995 ни 1999, ни многу други години“, алудирајќи на акцијата за протерување на Србите од Хрватска Олуја и НАТО бомбардирањето на Србија.
„Ние никого нема да напаѓаме, но да не му падне некому на памет повторно да изврши агресија на нашата земја“, порача српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…