Бектеши: Ги осудувам индивидувалните акти со македонското знаме

t

Крешник Бектеши од Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешната прес-конференција истакна дека ги осудува индивидуалните акти што вчера ги направија одредени граѓани со палењето на македонското знаме на чествувањето на Денот на албанското знаме.

– Во делот на индивидуалните акти секако дека се за осуда за сите страни кои се вклучени, а треба и да бидеме искрени јавно да ги кажуваме одредени работи во овој дел. Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи и заемно почитување на сите етнички припадници во нашата држава. Ние вакви настани во последните седум-десет години речиси немавме во нашата држава, а за жал во последните неколку месеци се почесто се случуваат вакви настани, а тоа јас како Крешник Бектеши можам да го кажам дека се однесува на пораките што ги даваат одредени политичари, рече тој.

Според него најодговорна за ваквите случувања е Владата. Тој нагласи дека пред да се случат овие настани имало забрана од Министерството за внатрешни работи граѓаните да чествуваат на одредени плоштади во државата, што, како што рече не е случај ниту во европските држави, ниту во САД. Додаде дека имало реакција од негова страна преку социјалните мрежи и од страна на организацискиот секретар Блерим Беџети.

– Но, колку од нашите реакции можеа да бидат пренесени кон граѓаните вчера, тоа не е наша работа затоа што вчера ги имавме само тие механизми. А, воедно тоа што е напишано во соопштението на ДУИ стои и тоа беше објавено во националните медиуми дека на граѓаните кои славеа за Денот на албанското знаме им беше забрането да слават во плоштадот во Скопје и во Куманово, што е спротивно на се што може една држава да направи за своите граѓани. Замислете, Албанците, Македонците, Ромите, Власите и сите други граѓани во нашата држава и надвор од државата можат да слават во плоштад во Брисел, Берлин за нивните слави, а не можат да чествуваат во својата држава. Во делот на индивидуалните акти што ги прават одредени граѓани, ние кажавме и во соопштението дека ги осудувам, рече Бектеши.

Тој нагласи дека взаемно треба да се осудуваат ваквите настанитe, а не, како што рече, само на одредена етничка заедница.

– Но взаемно треба да ги осудуваме, и актите што ги прави одредена заедница и другата етничка заедница. Заради тоа што имаше акти не само од албанската етничка заедница и веќе се објавени сите видеа по социјалните мрежи. Меѓуетничките односи се од круцијално значење во нашата држава и ДУИ во континуитет повторува и ги повикува сите чинители, посебно политичките чинители да даваат позитивни пораки во делот меѓуетничките односи во нашата држава. Замислете, зборуваме во континуитет за настани кои ни се повторуваат во последните неколку месеци. Го имавме настанот во стадионот во Струмица и во Скопје каде што се вика „Гасна комора за шиптарите“. Вчерашните настани кои се за осуда. А зошто зачестуваат вакви настани кога во последните 7-10 години не сме имале такви настани. Сме имале стабилни меѓуетнички односи во нашата држава, рече тој.

Бектеши истакна дека политичарите и сите чинители во нашата држава треба да даваат позитивни пораки во делот на меѓуетничките односи.

– Мислам дека сите чинители во нашето општество, а посебно институциите, Владата треба да даваат позитивни пораки и граѓаните да се чувствуваат слободни, рамноправни во меѓуетничко општество и меѓуетничка држава како што е Република Македонија. Прво и основно треба да се зачувува јавниот ред и мир во нашата држава. А, воедно е демократско право и загарантирано во Устави со закон за сите наши граѓани да можат да чествуваат одредени празници. Не сме во 80-тите или 90-тите години кога им се забранува на луѓето да чествуваат одредени празници. А тоа што се случи вчера беше забрана на одредена етничка заедница да чествува во плоштад на главен град на Република Македонија и во еден од најголемите градови како што е Куманово, што е целосно потфрлување на МВР, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

Казни од 800 до 10.000 евра за…

Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…