Украина: Северна Кореја и достави на Русија повеќе од 100 ракети и пет милиони гранати
Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) објави дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од 100 балистички ракети со краток дострел и пет милиони гранати.
Исто така, според извештајот на ХУР, Пјонгјанг почнал да испраќа артилериски системи во Русија од минатиот месец, објави Киев Индипендент.
Според ХУР, Северна Кореја досега испорачала повеќе од 100 различни парчиња воена опрема, вклучувајќи артилериски системи М-1989 од 170 милиметри и ракетни фрлачи М-1991 од 240 милиметри.
Исто така, Северна Кореја продолжува да ја снабдува Русија со артилериска муниција од голем калибар и балистички ракети со краток дострел од типот Кн-23/24.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денеска пристигна во официјална посета на Пјонгјанг, во време кога воената соработка меѓу двете земји се продлабочува, посочува порталот.
Оваа посета уследи по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја во јуни, каде Москва и Пјонгјанг ја официјализираа својата воена и економска соработка.
Исто така, според Украина, Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија во војната, а првите судири со украинските сили биле забележани во областа Курск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…