Косовската полиција претресува куќи во Зубин Поток по вчерашната експлозија!

t

Заменик-командантот на косовската полиција, Ветон Елшани, за Косово онлајн потврди дека се вршат претреси во селата Вараге и Угларе, на територијата на општина Зубин Поток.

„Да, полицијата врши одредени претреси, но не можам да кажам ништо повеќе за тоа“, кратко рече Елшани за Косово Онлајн.

Синоќа дошло до експлозија во селото Вараге која предизвикала штета на каналот Ибар-Лепенац. На местото на настанот пристигнала голем број косовска полиција.

Преку каналот Ибар-Лепенац и езерото Газиводе со вода за пиење се снабдува Јужна и Северна Митровица, но преку него се ладат и термоелектраните Обилиќ А и Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…