Има уапсени за експлозијата кај Зубин Поток, изјави Курти
Полицијата изврши рација, има уапсени лица и материјални докази изјави косовскиот премиер, Албин Курти, кој денеска го посети местото каде што синоќа се случи нападот со експлозив врз водоводниот канал Ибар-Лепенец.
Обраќајќи се пред новинарите во селото Варага кај Зубин Поток, Курти порача дека „сите криминалци и терористи кои го предизвикаа нападот ќе се соочат со косовските закони“.
Курти информира и дека е постигнато делумно санирање на оштетувањата на каналот.
– Успеавме до некаде да ја санираме штетата. Некаде сме на нешто повеќе од една четвртина од водните текови на каналот, кој исто така ги лади електраните и снабдува со вода. Полицијата води истраги, има рации и апсења, како и материјални докази и сите овие криминалци и терористи ќе се соочат со правдата и со законите на демократска Република Косово, рече косовскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…