ДУИ: Немаме никаква врска со инцидентите со знамето, обвинувањата се клеветнички и злонамерни

t

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува лажните обвинувања и манипулациите што антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција, се наведува во реакцијата од ДУИ. Во соопштението испратено до медиумите, од ДУИ обвинуваат дека станува збор за обид да се вмеша нивната партија во настаните поврзани со Денот на албанското знаме , што според нив е невидена манипулација, и обид да се покријат сопствените неуспеси и дискриминаторски политики на Владата.

„Јасно и недвосмислено изјавуваме: ДУИ нема никаква врска со организирање на инцидентите. Секоја изјава или обвинување во таа насока е целосно неосновано, клеветничко и злонамерно. Антиалбанската влада со ова јавно ги манипулира граѓаните, обидувајќи се да го изврти вниманието од вистинскиот проблем – селективниот пристап на полицијата, која уапси 17 Албанци за инциденти со државното знаме, но ниту еден од оние што го запалија албанското знаме“,посочуваат од ДУИ.

Овие дејствија претставуваат провидна тактика за продлабочување на етничките тензии и дефокусирање од вистинските проблеми во земјата, потенцира ДУИ.

„ДУИ нема да дозволи да биде предмет на политички спинови и манипулации. Објавуваме дека ќе ги преземеме сите правни мерки против овие лажни обвинувања и ќе побараме одговорност од сите инволвирани во ширењето на овие дезинформации. Дополнително, ги повикуваме антиалбанската влада и институциите веднаш да престанат со оваа опасна реторика и да се посветат на праведно, непристрасно и професионално справување со настаните. Наместо да креираат вештачки виновници, нека се фокусираат на истрагата за сите учесници во инцидентите, без разлика на нивната етничка припадност или политичка позадина“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Немаме никаква врска со инцидентите со…

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува…

ДУИ ќе поднесе интерпелација за Тошковски и…

Демократската унија за интеграции најави дека ќе…

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење…

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува…

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…

ДУИ со писмо до меѓународната заедница пред…

ДУИ упати уште едно писмо до меѓународната…