Албанскиот министер за внатрешни: Им порачувам на колегите од Македонија да ги спроведуваат договорите со ЕУ
Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала денеска истакна дека „иднината на сите 6 земји од Западен Балкан е во Европската Унија“.
Одговарајќи на интересот на делегатот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Јоргос Папандреу, на состанокот на Мониторинг комисијата што ги развива работите во Тирана, во врска со приоритетите на Албанија во процесот на интеграција и советите на Албанија до земјите од Западен Балкан за овој процес, Бала рече дека „сите земји мора да ги почитуваат меѓународните договори“.
„Ова е прво правило за секоја земја. Мојот предлог до нашите соседи, нашите пријатели, до нашите колеги во Северна Македонија е да продолжиме со спроведувањето на договорите и тука треба да се спроведуваат договорите со ЕУ, а не со Бугарија, што се однесува до уставните прашања. Некогаш меѓународните договори не се добри, но се додека се потпишани треба само да се почитуваат без разлика од која претходна влада се потпишани. Сите се надеваме дека Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со ЕУ“, нагласи Бала.
Бала истакна дека „сега ги отворивме поглавјата, би сакал да го видам и Северна Македонија да продолжи со отворањето на поглавјата. Знаете дека Србија и Црна Гора се во процес на преговори и сакаме Косово и Босна и Херцеговина да продолжат во оваа насока“.
„Ние веруваме дека иднината на сите 6 земји од Западен Балкан е Европската Унија. Ако стратешки гледаме на мапата, фактот дека ова е најдобриот начин Европа да се соочи со новите безбедносни предизвици. Европа страда по неправедниот напад на Русија врз Украина и другите геополитички случувања. Албанија е јасна, премиерот Еди Рама беше јасен дека треба да направиме се за 6-те земји од Западен Балкан да продолжат заедно кон европската интеграција“, рече Бала.
На прашањето на Папандреу одговори и претседателката на Собранието, Елиса Спиропали, која рече дека „патот на нашите евроинтеграции е многу добар“.
„Ја чекаме третата меѓувладина конференција за отворање на преговарачкото поглавје 6 по отворањето на кластер 1 -Темелни вредности, бидејќи се вклучени многу важни сектори поврзани со владеењето на правото“, рече таа.
„За ова се подготвивме во текот на Скрининг-процесот, гледајќи го ова не само како надворешен процес, туку како трансформативен процес во земјата за да има повеќе демократија, стандарди, вредности, подобрувања во секторите и економијата“, подвлече Спиропали.
Претседателката на Собранието рече дека „ни треба сета можна помош, за 3 подзаконски акти поврзани со малцинствата многу тесно соработуваме со експертите на Советот на Европа, за територијалната реформа. Подготвени сме да работиме со експертите и да ни помогне не само во процесот на мониторинг, туку и на нашиот пат кон ЕУ“.
„Се потпираме на вашата експертиза, за второто прашање сакаме сите наши соседи да продолжат со процесот на интеграција во ЕУ, како и да бидат членки на ЕУ, што ќе донесе повеќе врски, поголема безбедност во регионот“, рече Спиропали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…