Американскиот амбасадор: Поддршка за косовските власти во истрагата за експлозијата!
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, по средбата на амбасадорите на земјите од КВИНТ и ЕУ со косовскиот премиер Албин Курти во Владата на Косово, истакна дека Америка го осудува нападот на каналот Ибар-Лепенац и дека ги поддржува косовските власти во истрагата, но дека САД, во овој момент, не можат никого да обвинат.
Ховениер истакна дека средбата со амбасадорите на земјите од Квинт и со евроамбасадорот ја свикал косовскиот премиер Албин Курти и дека се разговарало за нападот на каналот Ибар-Лепенац.
„Во име на САД ќе го повторам она што веќе го кажав. Силно го осудуваме овој страшен напад врз критичната инфраструктура на Косово, кој го загрози снабдувањето со електрична енергија, греењето и водата за пиење. САД поддржуваат сеопфатна истрага, ние нудиме целосна поддршка на косовските власти во оваа истрага. Сметаме дека е важно да се пронајдат и идентификуваат одговорните, ова насилство е непростливо. Тоа ги стави во опасност луѓето и жителите на Косово и тие мора да одговараат за тоа“, рече Ховениер.
Ховениер ја поздрави брзата реакција на косовските власти и се заблагодари за поддршката од меѓународните институции.
„Го поздравуваме моменталниот одговор на косовските власти и фактот дека тие спречија она што можеше да стане катастрофална ситуација. Подготвени сме да му помогнеме на народот на Косово во овој поглед, се солидаризираме со Владата на Косово. Исто така, ние сме благодарни за поддршката што ја даваат Европската Унија, Еулекс, Кфор и други“, рече Ховениер.
На прашањето дали Србија стои зад нападот, Ховениер рече дека САД не се во позиција да кажат кој стои зад нападот, но дека им даваат поддршка на косовските власти.
„Во овој момент, САД не се во позиција да кажат кој стои зад нападот. Сè уште е рано и овие работи бараат внимателна истрага. Она што можам да го кажам е дека нудиме поддршка на косовските власти. Сметаме дека е важно да има многу веродостојна и темелна истрага за да се идентификуваат одговорните и да се осигураме дека тие ќе одговараат. Она што можам да го кажам во овој момент, не можеме да кажеме кој е одговорен, а исто така не сме во позиција да отфрлиме некоја одредена група или земја или нешто друго. Рано е, уште не знаеме“, потенцира Ховениер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…