Бислимоски: Дополнителна евтина тарифа нема да има
Од први јануари цената на електричната енергија кај домаќинствата се очекува да се зголеми до 1 процент, рече претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски. За ова има несогласување од ЕСМ на кои државата и должи 40 милиони евра, но Бислимовски рече дека тој долг полека ќе се враќа преку цените за дистрибуција на електрична енергија. За тоа како ќе се одрази според блоковите, ќе биде познато до Нова година
-Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која што ја пријави ЕСМ на тендерот кај универзалниот снабдувач кој изнесува 62 евра за мегават час, јас не очекувам дека ќе има поголемо покачување на цената на електрична енергија на просечната цена за домаќинствата да биде поголемо од 1 процент, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Инаку, на денешната седница на Регулаторна делот од мрежарината, кој има значителен дел во сметките на електричната енергија, е одлучно да се намали. Претходно мрежарината изнесуваше 2,3 денари, а сега ќе изнесува 2,14 денари.
-Оној дел кој што е најбитен и се однесува на домаќинствата и на најголем број од малите потрошувачи, делот од мрежарината, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7 проценти. Во однос на останатите просечни цени цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68%. Цената за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5.52%, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Во врска со дневната евтина тарифа Бислимовски појасни дека анализите покажале дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот како и на нашата берза се најниски во периодот од 12 до 6 часот.
Имајќи предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа до пролет ќе ја оставиме ситуацијата таква како што е сега, па врз основа на состојбите во ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки, рече Бислимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…
Дел од Општина Карпош утре без струја
Во текот на утрешниот ден, без електрична…