Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот 25.11.2024 до 29.11.2024 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…
На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
Најмалку 100 луѓе се стравува дека загинале…
Најмалку 100 луѓе можеби загинале по одрон…
Данска распореди регрути во Гренланд
Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…