Столтенберг предлага Украина привремено да ѝ отстапи територија на Русија за да се постигне мир

t

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи Украина „привремено“ да направи територијални отстапки кон Руската Федерација со цел што поскоро да се воспостави примирје. Своите ставови ги објасни во интервју за германската медиумска куќа „Табела“.

Тој нагласи дека дипломатските преговори и компромисот можат да го отворат патот за договор кон прекин на огнот.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот, и секако ова треба да ги вклучи сите области кои моментално се под руска контрола. Но, гледаме дека тоа можеби нема да биде реално остварливо во блиска иднина. Ако линијата за прекин на огнот значи дека Русија продолжува да ги контролира сите окупирани територии, тоа не значи дека Украина мора засекогаш да се откаже од територијата“, рече Столтенберг.

Тој ја истакна важноста за обезбедување безбедносни гаранции за Киев во замена за какви било територијални размислувања како дел од договорот за прекин на огнот. Иако членството во НАТО е опција, поради што Украина денеска испрати своевиден „ултиматум“, тој наведува дека „има и други начини за поддршка на Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…