Завеаните патишта биле обврска на ЈПДП, општина Маврово и Ростуше ќе ги чисти само локалните, но откако тендерот ќе заврши

t

Општината Маврово и Ростуше немала надлежност за завеаните патишта, туку тоа било обврска на Јавното претпријатие за државни патишта, но тендерот за чистење на локалните патишта кои сепак се обврска на општината, не бил ни завршен.

По последните настани и блокираните патишта во Маврово, од Општината Маврово и Ростуше велат дека чистењето од снег на патот од браната Маврово, преку селата Маврово, Никифорово и Леуново, околу езерото, па сè до приклучокот кај местото Бунец е регионален пат и е во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта.

„Општина Маврово и Ростуше ги информира своите жители дека патот кој води од Брана Маврово, преку селата Маврово, Ниќифорово и Леуново околу езерото се до приклучокот кај м.в Бунец е регионален пат и е во надлежност на ЈП Македонија Пат.

Под надлежност на општина Маврово и Ростуше се локалните патишта кои водат од регионален пат до населените места, за кои во прилог на ова известување има листа на вид на делници и вид на коловоз за која општината има обврска за ангажирање на механизација за редовно зимско одржување и посолување.

Исто така сакаме да ги информираме нашите граѓани дека општината со сопствена механизација ги одржува локалните патишта за која има надлежност се до избор на фирма за зимско одржување, која според постапката за јавни набавки треба да биде избрана најкасно до 10.12.2024 година.

Во изминатите денови беа исчистени локалните патишта до селата Врбен, Церово и улица во с. Леуново каде имаше болна жена. Денес се чистат локалните патишта кон село Дуф, Сретково и останатите села кои водат од регионален пат до влезовите на населените места“, рекоа од Општина Маврово и Ростуше.

Снегот во зимски ски центар како Маврово буквално ги изненади сите надлежни институции затоа што си ја префрлаа топката кој е надлежен да го чисти снегот на патот околу езерото, дали ЈДП, општината или Македонија пат.

Лошото работење на општината го нотираше и Државниот завод за ревизија кој штотуку го објави извештајот од ревизорите.

Според нив, Општина Маврово го избришала компјутерскиот систем за даноци на имот, не ги уривала дивоградбите, не наплаќа комуналии за нови викендички, не може да донесе нов урбанистички план без да репрогласи национален парки троши без да распише тендери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завеаните патишта биле обврска на ЈПДП, општина…

Општината Маврово и Ростуше немала надлежност за…

(Видео) Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40…

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости…

ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе…

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека…

(Видео) СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од…

Скандалот во ЈДПД со поставувањето партиски кадри…

 56-годишна жена која украла пари од обложувалница…

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…