Левица: СВР Велес – семејно гнездо на Тошковски

t

До Левица пристигнаа информации кои ги разоткриваат предизборните лаги на власта предводена од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ. Ветуваа професионални институции во служба на граѓаните, но секојдневни ни сервираат скандали за институции во служба на семејството и блиските кругови на владејајката елита. Така и СВР Велес, по налог на министерот Панче Тошковски, е претворен во семејна филијала, велат од Левица.

„Според нашите извори, братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи – Наумов и Благојче Хаџи – Наумов, како со магично стапче напреднале во своите кариери. Едниот од помлад инспектор веќе станал самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски, а другиот, од обичен полицаец, добил звање на виш инспектор.

За потсетување, неодамна Тошковски го протурка и својот некомпетентен баџанак за доцент на Факултетот за безбедност – Скопје, потиснувајќи студент на генерација со врвни академски успеси. Очигледно, за Тошковски, трудот и знаењето се ирелевантни категории кога фамилијарниот телефон ќе заѕвони.

Додека главните “реформи” во полицијата се прилагодувањето на истата согласно фамилијарните апетити, граѓаните се оставени сами на себе да се борат со неизвесноста, криминалот и безредието во Македонија.

И за актуелната власт, институциите се чифлик, а функциите – аманет доверен за благосостојба на нивните блиски. Скандалите за непотизам и кронизам станаа секојдневие за оваа влада која бесрамно ги гази своите предизборни ветувања“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…

Киев може да се соочи со „вистински…

Страв од руски удари врз струјата, водата…

Удар за Европа: Арамко стопира дел од…

Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…

Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…