Коваленко: На украинската војска не и е наредено да држи територија во руската област Курск

t

Андриј Коваленко, шеф на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, ги отфрли тврдењата дека на украинската војска и било наредено да држи територија во руската област Курск до инаугурацијата на Доналд Трамп.

„Вооружените сили на Украина не добија никаква наредба да го задржат регионот Курск до инаугурацијата на Трамп до идната „размена“, рече Коваленко.

Тој ги означи извештаите кои кружат во медиумите како лажни, нагласувајќи дека украинските сили во регионот Курск вршат борбени мисии кои се во согласност со пошироките стратешки цели на линијата на фронтот, пишува Киев пост.

„Овие мисии влијаат на ситуацијата на неколку други фронтови, вклучително и позиционирањето на руските сили“, рече тој, додавајќи дека таквите наредби „во принцип не можат да се издаваат на армијата“.

Реакцијата на Коваленко уследи по веста дека украинските сили во руската област Курск добиле инструкции да ги задржат своите позиции до инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.

Станува збор за извештај на Би-Би-Си заснован на изјавите на украинските војници контактирани преку Телеграма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…