Очигледно се работи за добро организирана група, вели Тошковски за инцидентот со опожарените возила и дуќан во Куманово

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сомнева дека зад инцидентите во Куманово од пред два дена, кога беа запалени неколку автомобили и фотокопирница, стои добро организирана група.

Во овој момент рече дека не може да дава дополнителни информации за случајот бидејќи е сè уште во фаза на предистрага, но за разлика од инцидентите во Скопје од минатата недела, кога беше сквернавено државното знаме, зад овој случај рече дека очигледно стои добро организирана група.

„За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група“, изјави Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека во овој момент не би сакал да претпоставува зошто во инцидентот се опожарени возила и објекти на функционери на ДУИ.

„Имаше претпоставки кои беа споделени во јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачани фактури од минатото, можеби станува збор за подгревање на тензиите, можеби станува збор за сосема трети причини. Моментално мислам дека не би било соодветно да говорам зашто сме во фаза на предизстрага“, додаде министерот.

Во врска со инцидентите од минатата недела кога во одделни случаи беа сквернавени државното знаме, албанското национално знаме, но и државни симболи на Република Србија, министерот рече дека досега се приведени вкупно 18 лица, а четворица од нив се во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР во комуникација со семејството на момчето…

Министерството за надворешни работи информира дека до…

(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…

За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…

Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…