Се скараа СДСМ и ДУИ
ДУИ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се обидува да ги прикрие неуспесите на неговата партија преку копирање на албанофобичниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ односно преку наративот против ДУИ. Според ДУИ, ова е обид да се изгради политички идентитет преку ДУИ како единствена партија со јасен идентитет, а второ, според нив, употребата на анти-ДУИ реторика е одраз на албанофобијата која е вкоренета во дел од македонската политичка сцена.
„Употребата на истрошената анти-ДУИ реторика не му помага на г. Филипче, ниту на неговата партија, а секако ниту на Северна Македонија. Албанците и граѓаните бараат стабилност, напредок и визија – а не реторика на поделби и повторна албанофобија“, велат од ДУИ.
Социјалдемократите велат дека се изненадени од ставот на ДУИ, дека Филипче и СДСМ шират албанофобија. Додаваат дека очекувале ДУИ прва да ја прифати лидерската средба за стабилност, но според нив, тоа за жал не се случило и ДУИ ја изгубила можноста, како и ВМРО-ДПМНЕ, за да покаже дека навистина се залага за мир и стабилноста во земјата.
„Ја користиме оваа прилика уште да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Доколку ова не го прифатат, со жалење ќе мора да констатираме дека некоја од овие партии има интерес од постајно подгревање на тензиите што е многу опасно за државата“, велат од СДСМ.
А во оваа расправија меѓу опозицијата беше вклучена и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Велат, очигледно е, како што го нарекуваат, недостигот на искуство на десната рака на неврохирургот на Заев.
„Наместо вака да забраздува, свесно или несвесно небитно, треба да си ги праша колегите, кога и што им е договарано со ДУИ, како ДУИ ги има седнато во скут сите до еден заради нивната склоност кон корупција, и кога договарале поттикнување на тензии, нешто за кое премиерот алармираше уште летото, а СДС се правеа недоветни“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите овие преписки меѓу двете поранешни владини партнери СДСМ-ДУИ почна по изјавата на новиот социјалдемократски лидер, Филипче, кој во интервју за „360 степени“ изјави дека во иднина коалицијата ќе се гради врз основа на политичките вредности, а не да ги оштетат позициите само за да може Владата да опстане подолго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…