Удри по самарот… Одговорност ќе понесе наставничката која ја организирала прославата во Челопек
Извештајот на Државниот просветен инспекторат за основното училиште во Челопек, каде се одржуваше приредба со ученици кои во еден дел од настанот носат униформи со амблеми на УЧК и пластични пушки, е готов. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска соопшти дека утврдени се неправилности, а одговорност ќе поднесе една од наставничките која ја организирала приредбата.
-Тоа што е важно е дека во ова училиште и уште неколку други, каде што имавме пријава ќе спроведеме обука за соживот и за тоа ќе побараме поддршка од ОБСЕ – изјави Јаневска.
Минатата недела во основното училиште „7 Март“ во Челопек беше организирана приредба со ученици кои во еден дел од настанот носат униформи со амблеми на УЧК и пластични пушки. Министерката Јаневска реагираше дека ако целта на приредбата била да се шири патриотизам, тогаш тоа требало да се направи преку симболи на државата Македонија, а не преку симболи на неформални воени групации.
Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Удри по самарот… Одговорност ќе понесе наставничката…
Извештајот на Државниот просветен инспекторат за основното…
Просветен инспекторат ќе истражува одговорност за приредбата…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
(Видео) Со пушки, пиштоли и униформи на…
Деца во униформи на УЧК и со…
Нови детали за двојното убиство во тетовско:…
По вчерашната крвава драма во тетовско Челопек,…
Татко и син се убиените во Челопек,…
Татко и син се убиените двајца денеска…