Шолц го предупреди Путин: Ние остануваме моќни
Германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата во Киев со неговиот домаќин, украинскиот претседател Володимир Зеленски, уште еднаш ја истакна „непоколебливата поддршка“ на Германија за Украина во нејзината одбранбена борба против Русија, јави ДПА.
Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Зеленски, германскиот канцелар рече дека нема да има прекин во поддршката и дека Украина може да се потпре на Германија.
Канцеларот, исто така, пренесува ДПА, најави дополнителна германска воена помош за наредната година, што ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, хаубици, борбени и извидувачки беспилотни летала и дополнителни набавки со артилериска муниција.
-Многу јасно му го кажувам ова на (рускиот претседател Владимир) Путин денеска овде од Киев: Ние останува можни. И ќе стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно, рече Шолц.
Тој додаде дека сите се надеваат на крај на бруталната војна, но за негово постигнување е потребна комбинација на „непоколеблива поддршка“ од една страна и истражување на начини за постигнување праведен и траен мир за Украина, од друга страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…