Да се укинат приватните пензиски фондови, за да се реши проблемот со дупката во ПИОМ, велат од ВМРО-Народна
ВМРО-Народна партија смета дека решението на проблемот со дупката во пензискиот фонд не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците, туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови.
Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатитраме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот.
Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок“ велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да се укинат приватните пензиски фондови, за…
ВМРО-Народна партија смета дека решението на проблемот…
Никола Мемов од ЗНАМ е нов директор…
Портпаролот на ЗНАМ – За наша Македонија…
(Видео) Трајче Начаров е жив и здрав,…
Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била…
ВМРО-НП го осуди нападот врз охриѓанецот кој…
Во современата цивилизација кон која сите ние…
(Видео) Кадија те тужи, кадија те суди:…
Како смохран родител секој има право на…