Левица: „Јовица Илиевски од ДПМНЕ ја брани иредентистичката приредба во Челопек“

t

Политичката партија Левица изрази силна осуда за изјавите на градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој според нив, наместо да преземе одговорност, го брани скандалозниот настан.

Во реакцијата, Левица потенцира дека приредбата, одржана по повод Денот на албанското знаме, вклучувала промоција на насилство и нетрпеливост, што е спротивно на принципите на воспитно-образовниот процес во македонските училишта.

Се поставува прашањето: Дали градоначалникот е запознаен со Наставниот план и програма и со Законот за основно образование? Каде е предвидено славење на симболи и содржини кои го нарушуваат уставниот поредок и унитарноста? Наместо воспитување на култура, знаење и почит кон државните симболи, ваквите настани предизвикуваат поделби и нетрпеливост меѓу децата.

Приредбата со оружја за Денот на албанското знаме не е во согласност со македонскиот образовен систем и претставува грубо кршење на принципите на воспитно-образовниот процес. Одговорноста на градоначалникот и раководството на училиштето е очигледна, но наместо санкции, Илиевски одлучува да го игнорира револтот на јавноста и целосно да премолчи за повредата на законите.

Ги повикуваме сите надлежни институции, вклучувајќи го и Министерството за образование и наука, да преземат итни мерки за расчистување на случајот и санкционирање со цел ваквата пракса да не продолжи во иднина. Ова не е прашање на политика или лични интереси, туку на заштита на образовниот систем и зачувување на националните интереси. Секој што ќе го занемари ова прашање, директно придонесува за зголемување на поделбите и нарушувањето на меѓуетничките односи.

Националното достоинство мора да биде заштитено, а најмладите мора да растат во средина која ги промовира мирот, почитта и единството, наспроти насилството, поделбите и конфликтите, се наведува во реакцијата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…