Пропадна и десеттиот обид за претседател на Народно собрание на Бугарија
Во десеттиот обид, ниту еден од двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг – Наталија Киселова и Силви Кирилов – не е избран за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија.
Во текот на вториот круг кандидатурата на доц. Киселова, предложена од „БСП-Обединета левица“, ја поддржаа 89 пратеници, 60 гласаа против, 88 беа „воздржани“. По процедура на прегласување, Киселова доби поддршка од 118 пратеници, 30 беа против, а 90 пратеници беа воздржани.
„За“ номинацијата на Наталија Киселова, „за“ гласаа пратениците на „ДПС-Нов почеток“, ГЕРБ-СДС, „БСП-Обединета левица“. „Против“ беа еден пратеник од ГЕРБ-СДС, како и пратениците од „Има таков народ“ (ИТН) и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Пратениците од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), „Преродба“ и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) гласаа „воздржано“. За да биде избран претседател на 51. Народно собрание, повеќе од половина од присутните пратеници треба да гласаат за неговата кандидатура.
Кандидатурата на Силви Кирилов од „Има таков народ“ (ИТН) ја поддржаа 99 пратеници, 120 беа против, а 19 воздржани. Него го поддржаа 17 пратеници од ПП-ДБ, пратениците од „Преродба“, АПС, ИТН и МЕЧ. „Против“ гласаа пратениците од ГЕРБ-СДС, двајца од ПП-ДБ, пратениците од „ДПС-Нов почеток“ и „БСП-Обединета левица“. Со „воздржан“ гласаа 18 пратеници од ПП-ДБ и еден пратеник од „БСП-Обединета левица“.
Утре во 10:00 часот ќе продолжи првата седница на 51. Народно собрание, најави Силви Кирилов кој претседава со седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропадна и десеттиот обид за претседател на…
Во десеттиот обид, ниту еден од двајцата…
Апасиев: Вмровски мајмунџилаци, Законот за заштита на…
Спикерот Гаши го испраќа Законот за заштита…
Вучиќ: „Што им згрешивме на Бугарите?“
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера…
Бугарија и уште седум земји го блокираа…
Бугарија и уште 7 земји од ЕУ…
Пропадна и деветтиот обид за избор на…
Бугарските пратеници и по рекордниот деветти обид…