Кривична за полицаец кој фалсификувал службени документи

t

МВР поднел кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

МВР соопшти дека пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово.

– Имено, полицискиот службеник делото го извршил на тој начин што ги злоупотребил процедурите за примање барања, постапување и достава на службени акти и до адвокат доставил акт за достапност за лице со невистинита содржина, односно на усно барање на адвокатот, без процедурално административно – деловодничко евидентирање на писмено барање, изготвил и издал на рака акт со невистинита содржина, т.е. во актот било наведено дека лице кое е засегнато во судски процес било преселено на непозната адреса, со што не бил достапен на органите за прогон, без притоа да се извршат проверки за достапност на терен, се појаснува во соопштението.

По изготвувањето на актот, се додава, полицискиот службеник го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број и како таков актот го предал на рака, спротивно на утврдените процедури.

По ова предметниот акт бил злоупотребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ што резултирало со штетен исход од судскиот процес против лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…