Дванаесет виетнамски војници загинаа за време на вежба во експлозија предизвикана од гром
Дванаесет виетнамски војници загинаа во експлозија за време на воена вежба, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана.
Инцидентот се случил во понеделникот вечерта на вежбовен полигон во јужната виетнамската провинција Донг Наи додека војниците од 7-от воен округ тренирале за борбени операции при тешки временски услови и на тежок терен, се вели во соопштението.
Министерството извести дека експлозијата се случила при транспортот на експлозивните направи поради пороен дожд и грмотевици.
Засега е утврдено дека причината е удар на гром кој удрил во електричен детонатор, при што експлозивот бил активиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…