Шекеринска го имаше првото обраќање како заменик-генерален секретар на НАТО

t

Новоизбраниот заменик-генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска го имаше своето прво обраќање во новата улога, на Генералното собрание на Алијансата, која се одржува во нејзиното седиште во Брисел.

Темата на одбележувањето на 70-тата годишнина од формирањето на Светската АТА и 75-тата годишнина од формирањето на НАТО, е „Дефинирање на светските стратешки приоритети во неизвесни времиња: Улогата на нашата алијанса“.

На Собранието присуствуваа делегати од над 35 земји, но и високи претставници на НАТО, со цел да се најдат итни одговори за безбедносните предизвици со кои се соочува светот денес.

На настанот, кој се одржува од 3 до 6 декември, беше присутна и македонска делегација во состав: претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани, Светозар Јаневски, Арбн Абурахмани, Митко Андреевски, Тоше Коцевски, Илија Џугуманов и Кастриот Арифи.

Покрај средбата со Шекеринска, делегацијата се сретна и со други високи претставници од НАТО, а ја посети и македонската мисија во Алијансата и се сретна со амбасадорот Дане Талески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…