Орбан: Русија стана „многу силна“, а Украина „многу слаба“
Безбедносната ситуација во Европа мора да се реши кога ќе се донесе заклучок за прекинот на огнот во војната меѓу Русија и Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан во интервју за државната радио станица Кошут рече дека Русија се променила, станувајќи „многу силна“ на позадината на војната, додека Украина станала „многу слаба“, пренесува МТИ.
Според него, европските армии се покажале како исклучително слаби.
„Немаме ни оружје ни муниција ни пари за војна со Русија. Сите знаци на европска слабост станаа видливи“, нагласи унгарскиот премиер.
Како што наведе тој, поради оваа причина, Европа мора да размисли за прегрупирање и изнаоѓање решение „што ја гарантира нашата безбедност“ кога се позиционира во однос на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…