Македонија се соочува со значителен недостиг на медицински сестри

t

Земјата се соочува со значителен недостиг на медицински сестри. Според Здружението на медицински сестри, акушери и стоматолошки сестри, врз основа на општото население, во земјата има 50% помалку медицински сестри. Од таму објаснуваат дека и покрај големиот интерес да се запишат на стручни медицински школи, и да работат во здравствени установи, тие се соочуваат со лоши услови за работа, ниски исплати, поради што се принудени да ја сменат професијата или да ја напуштат земјата.

Од здружението, исто така, велат дека има случаи кога бонусите што им се доделуваат на медицинските сестри работодавачите им ги даваат на рака, а не на банкарска сметка. Додека вработените на договор кои примаат месечна плата од 18 илјади денари работат без здравствено осигурување.

Министерството за здравство е запознаено со ваквите исплати во рака, а за тоа велат дека го започнале процесот на прибирање информации. Во меѓувреме, за медицинските сестри кои работат без здравствено и пензиско осигурување, велат дека ќе се најде систематско решение.

“Бонуси исплатени во готово, а не преку банкарски сметки Министерството е информирано за дел од овие тврдења и го започна процесот на прибирање информации од надлежните здравствени установи. Во однос на договорите на дело , ќе се преземе систематски процес за вработените со договор на дело во работните односи со редовни договори, со што ќе се гарантира пензиско и здравствено осигурување“, велат од Министерство за здравство.

Министерството за здравство вели дека од следната недела ќе започне процесот на ангажирање на 1117 секундарни медицински лица, вклучувајќи медицински сестри, акушерки и медицински техничари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…

Киев може да се соочи со „вистински…

Страв од руски удари врз струјата, водата…

Удар за Европа: Арамко стопира дел од…

Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…

Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…