Ал Тани: Катар соработува со Трамп за да се постигне прекин на огнот во Газа
Катарската влада соработува со новоизбраната американска администрација на Доналд Трамп кога е во прашање војната во Појасот Газа, изјави денеска катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Тој на Форумот во Доха рече дека катарските власти се свесни за целта на новоизбраната републиканска администрација да постигне примирје во окупираната палестинска енклава пред инаугурацијата на Трамп во јануари.
Хамас неодамна, на состанокот во Каиро, го прифати египетскиот предлог за привремен прекин на израелската војна во Газа, кој вклучува ослободување на заложниците од „хуманитарната категорија“, но неименувани израелски медиуми негираа дека тоа би претставувало крај на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…