Објавено на:

Три лица загинаа во експлозија во зграда во Хаг

t

Најмалку три лица загинаа, а три се повредени во експлозија што се случи денеска во трикатна зграда во холандскиот град Хаг.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на зградата и голем пожар. Според изјавата на противпожарната служба на Хаг, инцидентот се случил во 6:15 часот по локално време, предизвикувајќи значителна штета и пожар.

Градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, изјави дека од урнатините се извлечени тела на три жртви, а три лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба. Под урнатините се очекува да има уште луѓе. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата за преживеани и во текот на ноќта.

Заради безбедност, властите евакуирале околу 40 околни станови. Иако причината за експлозијата сè уште не е утврдена, полицијата повика сите што имаат информации за возило што побегнало од местото веднаш по експлозијата, да се јават.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страницата на партијата од Влен преименувана во…

Фејсбук страницата на партијата Алтернатива го смени…

Џеј Ди Венс: Не сме во војна…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева…

Иранскиот парламент гласаше за затворање на Ормутскиот…

Врховниот совет за национална безбедност на Иран…

Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените…

Државата има намера да направи нов интерактивен…

Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…