Курти: Во Србија има повеќе Албанци, отколку што има Срби на Косово
Курти во интервју за ТВ Хајат изјави дека Србија сака да создаде некаква „лајт верзија на Република Српска“ и нагласи дека во Србија има повеќе Албанци отколку Срби на Косово.
Курти рече дека проблемите што постојат во регионот и во Босна и Херцеговина се предизвикани од режимите на Александар Вучиќ и Милорад Додик, кои според Дукаџини ги нарече „два сателити на Русија“.
Зборувајќи за ЗСО, Курти рече дека желбата на Белград е да има контрола над Србите на Косово, кои би имале свој претседател како, како што рече, „малиот Додик“, што би го направило Косово нефункционално.
Нема да го дозволиме тоа“, рече Курти и додаде дека меѓународната заедница се повеќе сфаќа дека Србија сака да создаде еден вид „лајт верзија на Република Српска“.
Курти нагласи дека Србите сочинуваат само четири отсто од населението на Косово, а не 40 отсто како што тврди Србија.
„Во Србија има повеќе Албанци, од Суботица до Прешево, отколку Срби на Косово. Во Црна Гора има повеќе Албанци отколку Срби на Косово“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…