Починатиот малолетник во Црвени Брегови ќе биде погребан утре на муслиманските гробишта во Криволак

t

Малолетникот кој вчера беше пронајден починат заедно со уште две починати повозрасни лица во Црвени Брегови, ќе биде погребан утре на муслиманските гробишта во Криволак, потврдија попладнево од Џамискиот одбор во Криволак. Претседателот на Одборот, Сафет Темуровски изрази сочувство до неговото семејство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа што се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела, меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.

– При првичниот преглед на лицата, не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, рекоа од Обвинителството.

Трите починати лица во Црвени Брегови биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник.

– Првичната информација е дека во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица – Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, изјави синоќа портпаролката Биљана Ѓаковска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев може да се соочи со „вистински…

Страв од руски удари врз струјата, водата…

Удар за Европа: Арамко стопира дел од…

Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…

Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…

Цената на горивата расте, а со неа…

Високите цени на нафтата почнуваат да се…