(Видео) Вучиќ: Не сум како Асад, нема да бегам

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчеравечер на својот инстаграм-профил изјави дека изминатата година е рекордна за државата во поглед на привлекување странски инвестиции. Најави дека во следните денови ќе бидат објавени и нови инвестиции.

Истовремено, предупреди дека земјата е под притисок од различни страни, кои се обидуваат да ја урнат со сите можни хибридни средства.

„На оние што мислат дека ќе ја уништат Србија, само сакам да им кажам дека тоа нема да им се исполни. Мислат дека можат да сокријат колку ја мразат оваа земја, па затоа во следните недели ќе ги откриеме сите детали за тоа колку пари се платени за да се уништи Србија, како и колку е платено Србија да не ја избира сама својата иднина, туку да биде принудена да слуша и да му служи на некој друг“, рече тој.

Српскиот претседател порача дека српскиот народ никогаш нема да служи никому.

„Ако мислите дека сум како Асад, па ќе бегам – не сум. Жив сум, цел живот живеам тука во Србија, благодарен сум ѝ на мојата Србија и ќе останам овде. Ова е местото и каде што ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот српски народ и сите други граѓани на Србија. Но, никогаш на странците и на оние што сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија. Ви гарантирам дека Србија никогаш нема да ја победите“, вели Вучиќ.

Вучиќ денеска има средба со германскиот претседател Олаф Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…

Американската армија подготвува војници за препознавање на…

Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…