Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат
Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција пред медиумите рече дека Стејт Департментот нема да ги сподели доказите со македонските власти што ги има против Артан Груби и Енвер Беџети, откако поранешниот вицепремиер и судијата се најдоа на американската „црна листа“.
Единственото објаснување на САД беше дека овие двајца се најдоа на оваа листа за санкционирање поради „земање мито“, но Агелер рече дека доказите, ако се сака, може лесно да се најдат.
– Не би одела во детали, не ја споделуваме таа информации, но не ни требаме, евиденцијата е од тука и достапна за Вашингтон. Ако можеме ние да ги составиме доказите, можат и македонските власти, рече Агелер.
Тоа е така, како што објасни дипломатот, поради „принципот на приватност на личноста“. Таа додаде дека очекува од македонските институции да ги разгледаат овие наоди бидејќи „корупцијата е епидемија во Македонија и канцер на ова општество“.
– Имате Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, имате судии,и мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да ги контролираме властите што ќе направат. Но очекуваме да има чекори во таа насока, рече Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…