Агелер го бетонираше Груби: Има драматични докази и потврда за криминал
Според Американката амбасадорка во Македонија Ангела Агелер случајот со Артан Груби на црната листа на САД е чист како солза.
Таа вели дека пред да бидат означени како луѓе што прават криминал за сите назначени на Црната листа меѓу кои и Груби се прибираат јасни и драматични докази.
,,Нема да навлегувам во деталите за доказите што беа обезбедени, само доволно е да кажам дека се многу јасни и неоспорни. Овие одлуки, како што мислам дека знаете и ме слушнавте да кажам претходно, доказите се разгледуваат многу, многу внимателно и внимателно, и дури откако има драматичен доказ и потврда за погрешно постапување се назначуваат поединци. Значи, иако не можам да навлегувам во спецификите, беше многу јасно”, изјави Агелер на денешната прес конференција.
На прашањето дали во Вашингтон се преземаат натамошни активности, што значи тоа за нивните постапки и што може да се случи следно абасадорката Агелер вели:
,,Постојат различни санкции достапни под американската влада како што знаете. Постојат санкции од Министерството за финансии, можни се проширени санкции за другите членови на семејството на оние кои се именувани. Значи, во овој момент, сите тие размислувања сè уште се во игра”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…