Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 32-та седница на која меѓу точките на дневен ред се и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот. ДУИ во пресрет на расправата започна со „стража за јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд, со што велат, застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците
– Како партиски, како лични, како субјективни одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку е што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот, рече Сиљановска – Давкова како коментар на изјавите на лидерот на ДУИ Ахмети во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот за јазици.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во интервју за МИА рече дека со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултира со политички хаос, недоверба и дилеми.
– Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег, не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, рече Костадиновски.
Костадиновски вели и дека е можно да се искористи алатка од новиот Акт на Уставниот суд, односно судиите да изразат сомнеж за уставноста на законот и да го пратат во Собранието на доработка.
Смета дека одлуките на Судот не треба да се гледаат како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, туку треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот.
Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. По однос на иницијативите, Уставниот суд може да ги отфрли, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.
Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…