Ристовски: Динамо е најсилен кога го понижуваат и отпишуваат
Хрватскиот првак Динамо Загреб одигра без голови со Селтик во последниот меч од Лигата на шампионите за оваа година и остана со теоретски шанси за пласман во следната фаза.
На „модрите“ сега им треба победа против Арсенал или Милан во последните две кола, но мора да се знае дека денеска беше максимално десеткуван, а сепак успеа да извлече бод. Тоа го потенцира и поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски по вечерашниот меч.
„Задоволен сум, пристапот беше вистински иако жалам што не успеавме да постигнеме гол. Мило ми е што покажавме дека уште сме живи и дека никој не може да ни ги зема сништата и целите. Фокусот сега е на домашното првенство, имаме проблеми, но нема да се предадеме. Динамо е најсилен кога го отпишуваат и понижуваат“, рече Ристовски.
По шест кола, Динамо има осум бода што е над сите проекции од пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…