Руте: Русија и Иран го напуштија Асад
Русија и Иран ја делат одговорноста за злосторствата извршени врз сирискиот народ од страна на режимот на Башар ал Асад, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
„Москва и Техеран беа главните поддржувачи на Асад. Тие се покажаа како несигурни партнери, напуштајќи го Асад кога тој престана да им биде корисен“, рече Руте. Руте го опиша падот на поранешниот сириски лидер, кој беше соборен од власт од исламистичките бунтовници, како „момент на радост, но и на неизвесност за народот во Сирија и регионот“.
„НАТО сака мирна транзиција на власта и инклузивен политички процес под водство на Сирија“, рече Руте. Тој додаде дека западната воена алијанса „внимателно ќе го следи“ однесувањето на бунтовничките водачи за време на транзицијата.
„Тие мора да го поддржат владеењето на правото, да ги заштитат цивилите и да ги почитуваат верските малцинства“, посочи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…