Уставниот суд организира подготвителна седница за Законот за јазици, ќе учествуваат експерти, професори и партии
Уставниот суд донесе одлука да одржи подготвителна седница посветена на Законот за јазици, на која ќе учествуваат експерти, универзитетски професори и претставници на политички партии. На седницата ќе се разгледуваат аргументите „за“ и „против“ уставноста на овој закон.
Предлогот за оваа постапка произлезе од судијката Елизабета Дуковска, која е известител за предметот. Според неа, ваквата отворена расправа ќе овозможи појасна и подетална анализа пред Уставниот суд да донесе конечна одлука.
Судијката Добрила Кацарска, пак, гласаше против оваа иницијатива, нагласувајќи дека Уставниот суд е единствениот надлежен орган кој треба да одлучува за уставноста на законите, без потреба од вклучување на надворешни учесници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…