Уставниот суд го изгласа дневниот ред
Усвоен е дневниот ред за денешната седница на Уставниот суд. Една од точките се однесува на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Непосредно пред гласањето седницата ја напушти судијата Фатмир Скендер.
Тој предложи точката да се одложи поради отсуството на двајцата судии.
-За овој предмет пожелно е да бидеме сите присутни да ги вкрстиме сите наши аргументи и ставови, рече судијата Скендер.
Останатите судии не се согласија со Предлогот и беше изгласано истиот да се одбие. Нивните аргументи беа дека доколку востановат таква пракса, тогаш ќе треба и за други предмети да се чека да бидат присутни сите, со што, како што посочија, ќе се кочи работата на судот. Воедно, аргумент беше дека и за други предмети досега одлучувале во отсуство и на други судии.
По одлуката, судијата Фатмир Скендер одлучи да не присуствува на расправата за првата точка од дневниот ред, односно за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.
-Поради неможност моите ставови да бидат слушнати од отсутните судии, јас нема да присуствувам на расправата по првата точка, рече судијата Скендер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…