ЈО: Васко Ковачевски во моментов не е достапен, пред 2-3 дена произлезе дека бил дел од овој криминал
Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ вчера беше осомничен за криминал, не е достапен за органите, поради тоа што не е во државата.
Репортерот на ТВ21 е на брифинг во Јавното обвинителство каде што бараме одговори на оваа тема.
„Последно произлезен е Ковачевски во оваа истрага. Ниту во Битола, ниту во Кучево не бил пријавен како учесник за сторител на овој кривично-правен настан. Пред 2-3 дена произлезе дека и тој е дел од овој криминал. Во моментов е недостапен“, рече Ислам Абази.
Абази кажа дека во минатото била отфрлена кривична пријава против Васко Ковачевски.
„Да, точно е сме имале кривична пријава за Васко Ковачевски и сме донеле одлука за отрфрлање на пријавата. Оштетеното правно лице поднесе жалба и Вишото јавно обвинителство ни го врати со одредени напатствија. Ние пак го отфрливме и сега Вишото јавно обвинителството пак го врати кај нас и сега ќе ги видиме напатствијата, и секако ќе донесеме соодветна одлука“, рече Абази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…