Влен: Денеска триумфираше нашата коалиција, ви рековме дека албанскиот јазик нема да се допре

t

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во нашата земја, а коалицијата „Влен“ ќе продолжи посветено да работи на заштита и гаранција на ова право кое е неприкосновено, истакна во изјава за медиумите Ријад Шаќири, пратеник од „Влен“ во врска до денешната седница на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

– Денеска триумфираше улогата на „Влен“ како дел од оваа Влада. Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, така и се случи. Денеска од овде порачуваме – албанскиот јазик ќе се унапреди уште повеќе, уште подобро и така ќе биде. Со зборови, но со конкретни дела ве потсетуваме дека заштитниот столб на Албанците во Северна Македонија е коалицијата „Влен“. Ние сме цврсто поставени на заштита и унапредување на правата на Албанците. Затоа имаме целосен капацитет и политички кредибилитет. Јасно и гласно кажавме Албанците можат да бидат спокојни бидејќи нема да дозволиме неколку луѓе кои крадеа и манипулираат да ја уништат иднината на еден цел народ. Секој обид за манипулација и криминал ќе заврши таму каде што му е местото, односно пред правдата – рече Шаќири.

Потенцира дека функционерите на ДУИ не се борат за албанскиот јазик, туку како што рече, да ги кријат криминалните дела што ги направиле.

Уставниот суд на Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…

Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…