Британија го крати буџетот, 10 илјади административци ќе останат без работа
Обединетото Кралство, според најновата програма планира да го намали бројот на вработени во државните служби, со кој би биле отпуштени 10 илјади луѓе, информира британскиот медиум Гардијан.
Неколку извори велат дека по пандемијата на Ковид и Брегзитот, државната служба станала преголема и неумешна во начинот на проширување, пишува Гардијан.
Британската министерка за финансии Рејчел Ривс наредила намалување на одделенските буџети од пет проценти по направена анализа и преглед на трошоците, намалување поради кое загубата на работни места е неизбежна.
Извори од Кабинетот на владата за британскиот медиум велат дека треба да се донесат „многу тешки одлуки“ за да се исполнат рамките на утврдениот буџет за 2025 година.
Бројот на државни службеници во централната власт денеска изнесува 513.000 луѓе, со значителен пораст со споредба со 380.000 административци пријавени во 2016-та година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…