Песков: Русија ги поддржува напорите на Орбан и ќе ги продолжи консултациите за мир во Украина
Москва ги поддржува напорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан насочени кон изнаоѓање мирно решение и решавање на хуманитарните прашања поврзани со размената на затвореници, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Претпоставуваме дека консултациите за воспоставување мир ќе продолжат, целосно ги поддржуваме напорите на Орбан за изнаоѓање мирно решение и решавање на хуманитарните прашања поврзани со размената на затвореници“, рече Песков на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Како што наведе, премиерот на Унгарија на рускиот претседател Владимир Путин му претставил предлог за размена на заробеници меѓу Русија и Украина и Божиќен прекин на огнот.
„За време на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан даде предлог да се изврши голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина пред Божиќ, како и да се објави Божиќен прекин на огнот“, рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…