Ахмети на кафе со генерали од УЧК
Лидерите од Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села по вчерашниот протест пред Уставниот суд, кој заседаваше за уставноста на Законот за јазиците, седнале на кафе со тројца генерали од УЧК. Од ДУИ за „Слободен печат“ ја потврдија средбата, за која велат дека била случајна. Од партијата советуваат медиумите да не ја подгреваат атмосферата, но не откриваат детали за што разговарале Ахмети и Села со генералите на поранешна УЧК.
Во „случајна“ посета на Скопје, на кафе во хотелот „Стоун бриџ“, кој е наспроти зградата на Уставниот суд, токму кога ДУИ со шатори пред Судот протестираше да не се чепка албанскиот јазик, доаѓаат генералот Есад Чолаку, екскомандант на специјалната единица во Хрватска, генерал во Косово, командант Шкупи – Ферид Бериша, командант на специјалната единица на косовската ОВК и командант Барди – Енвер Барди, командант на специјалната единица на поранешна ОНА во Македонија.
Фотографијата од средбата се споделува на Фејсбук, а ја има и на фејсбук-страницата на Унија на Албанците од Хрватска, чиј претседател е токму Челику, каде што на фотографијата на генералите со Ахмети пишува: Не ми го чепкајте јазикот – формулација во одбрана на албанскиот јазик која ја користат лидерите од Европскиот фронт.
Минатиот месец Ахмети беше во посета на албанската дијаспора во Швајцарија и во Хрватска. Во недостиг на официјални информации, посетата на хрватскиот генерал на УЧК на Скопје се толкува како поддршка за Ахмети и за албанскиот јазик.
По одлуката на Уставниот суд да има подготвителна седница за Законот за употребата на јазиците во март, ДУИ ги собра шаторите, но побара оставка од претседателот на Судот Дарко Костадиновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети на кафе со генерали од УЧК
Лидерите од Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села по вчерашниот…
Просветен инспекторат ќе истражува одговорност за приредбата…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
Косовската опозиција побара од Гаши да запре…
Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемљи…
Никој во Македонија не е против албанскиот…
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју за…
Браво, не како до сега… Мицкоски: Поранешните…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…