Објавено на:

Пекинг: Кина треба да одлучи дали армијата ќе влезе во борба против Тајван

t

Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на Кина ѝ останува да одлучи дали ќе одржи воени вежби, како и дали војската ќе учествува во борбата против според нив сепаратистичките сили во кинескиот регион Тајван.

Во соопштението се нагласува дека Кина сама одлучува дали и кога ќе одржи воени вежби врз основа на сопствените потреби, објави Ројтерс.

Министерството предупредува дека секое потпирање на кинескиот регион Тајван на странски сили во барањето независност ќе биде строго казнето и „осудено на неуспех“.

Министерството за одбрана на Тајван синоќа соопшти дека го распуштило својот центар за итни случаи, кој беше активен од понеделникот, откако беа прекинати активностите на кинеската војска околу островот, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…