Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Северна Македонија и Молдавија
По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Молдавија во делот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше средба и со Инa Кошеру, претседателка на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција, во Парламентот на Република Молдавија.
Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералните односи и засилување на соработката во процесот на европската интеграција.
Министерот Муртезани и претседателката Кошеру разговараа за важноста од усогласување на реформските агенди и зајакнување на парламентарниот дијалог. Тие го истакнаа значењето на размената на најдобрите практики во законодавната усогласеност, реформите во јавната администрација и унапредувањето на демократските институции.
Муртезани ја реафирмираше подготвеноста на Северна Македонија во помагањето на Молдавија во нејзините реформски процеси, особено во областа на владеењето на правото и усогласувањето со правото на Европската Унија.
Претседателката Кошеру се заблагодари за поддршката од Северна Македонија и ја подвлече улогата на меѓупартиската соработка за успешна имплементација на реформите. Муртезани и Кошеру ја потврдија заедничката посветеност за понатамошно зајакнување на партнерството во процесот на европската интеграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…
Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…
Индустриското производство е позитивно и тоа е…