ВУЧИЌ: САД ќе ни воведат санкции на нафтената индустрија како принуда ние да ѝ воведеме на Русија, но јас не можам да го кажам тоа
Наскоро САД ќе воведат целосни санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руската сопственост, најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во телевизиско интервју.
– Се разбира, ова ни отвора проблеми со нашите руски пријатели за сè, од политички, до сè друго. Која е целта? Можеби треба да им наметнеме санкции ? И сега што? По 3 години да излезам да кажам, еве воведуваме санкции против Русите? Страшна ситуација. Не е реално. Во секој случај, не знаеме до кога ќе ни остават рок. Не може од денеска, па сега убијте се Срби. Треба да видиме што ќе пишува, кој ќе биде рокот и да видиме што мислат со тоа. Па да видиме дали руската сопственост може да се сведе само под 50 отсто, па да преговараме со Русите, не знам, но тие имаат 56 отсто или нешто, за да го купиме тој дел. Или не смееме воопшто или не знам што сакаат да кажат, рече Вучиќ.
Имаме разговор и за гасниот аранжман, додаде Вучиќ.
– Значи, се договоривме за оваа зима и добро функционира. Штом видов дека Бугарите зборуваат нешто за тоа, разбрав во кој правец се оди. Значи, сега ќе видиме. Треба да го почекаме завршниот чин, да ја видиме содржината на санкцијата, да разговараме со Американците. Мора да ни остават одреден рок. Дали тој рок е 10 дена, 15 дена, месец, 2, 3 или 6, немам поим. Тие мора да ни остават одреден рок, но, никој од нас не може да си игра, рече Вучиќ.
Ова е геополитичка одлука, додаде тој.
– Сега гледате зошто ни требаше и зошто инсистирав да се изгради нафтовод до Унгарија. Ќе најдеме решение. Момци, ќе најдеме решение. Мора да разговараме и со Американците и со Русите што да правиме, изјави Вучиќ.
Што и да правиме, тешко е и нема добри решенија, додаде српскиот претседател.
– Таа одлука е пресметана да нè принуди да воведеме санкции за Русите. А јас тоа не можам да го кажам. И не ми се верува дека тие сега проценуваат дека ќе ги победат Русите, со тоа што во геополитичките разговори ќе имаат мала мала компанија од Србија, вели Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…