Викенд хороскоп: Патување за Јарецот, состаноци за Шкорпијата, а еве кој ќе ужива

t

Што предвидуваат ѕвездите за овие два дена

Овен
Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префрлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа.

Бик
Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба викендов. Времето нема да ви стаса за сѐ, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош.

Близнаци
Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.

Рак
Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите. Бидете внимателни, и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.

Лав
Најверојатно ќе ја зачудите околината со вашите реакции. Во момент кога очекуваат да сте спокојни, трпеливи и деликатни вие ќе реагирате апсолутно директно па дури и напаѓачки. А тогаш кога би требало да бидете такви, ќе одговорите со насмевка. И така е најдобро.

Девица
Не ги ставајте на срце советите од страна. На професионален план следете ги правилата, а на личен план почитувајте ги желбите на блиските. Ве очекува бурен период, постапувајте промислено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее…

Соопштение на ВЛЕН Свесното жртвување на обвинението…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…